Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа регистрирани се 557 оздравени пациенти од: Скопје – 275, Битола– 52, Куманово – 49, Велес – 28, Прилеп – 25, Тетово– 21, Гостивар и Кочани – по 19, Струмица – 13, Свети Николе – 12, Кичево – 8, Гевгелија и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Берово– 4, Богданци и Кратово – по 3, Македонски Брод – 2, Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). 26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.