544
За мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за исплата на плата за вработени, до вчера аплицирале 34.000 компании, а 90 проценти од барањата се веќе одобрени, рече претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, на онлајн-дискусијата „Нова развојна македонска економија“.
„Заклучно со вчера веќе има 34.000 апликации за оваа мерка, а околу 90 отсто се веќе одобрени, има уште еден и пол ден и апелирам оние кои се двоумат да поднесат барање и да ја искористат оваа мерка“, рече Битиќи.
Тој потенцираше дека за април со оваа мерка поддржани се околу 20.000 компании со околу 130.000 вработени.