Владата на СДСМ уште еднаш покажа како одговорно, државнички и демократски се води државата, напиша вицепремиерот Фатмир Битиќи на Фејсбук.
„За жал ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш на дадена шанса го покажаа спротивното. Не ги гласаа ниту своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат за нив никогаш не бил и нема да е опција.
Честитки и успешен мандат на новиот прв вицепремиер Бојан Маричиќ, новиот министер за внатрешни Панче Тошковски, новиот министер за труд Ѓоко Велковски, како и новиот претседател на Владата, Талат Џафери.
Ги повикувам министрите на ВМРО-ДПМНЕ да ја остават партиската игранка која ја сведочевме денеска. Оваа држава ни е заедничка и за неа така треба да работиме и да се грижиме.
Нека ни е честита новата Влада да служиме чесно, достоинствено и одговорно!“ напиша Битиќи.