Битиќи: Косово има поевтина струја за фирмите, зашто по седум часа на ден нема струја

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека во Косово цената на електрична енергија за фирмите кои се на регулиран пазар е пониска од онаа во Македонија, но затоа таму и по седум часа на ден снемува струја.

-Цената е пониска, но прашајте ги фирмите како им е кога седум часа во денот немаат струја и треба да надополнуваат со агрегати, рече Битиќи.

Тој ова го одговори на констатацијата на Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ која направи споредба на цената на електрична енергија за фирмите кои се на регуллиран пазар во Македонија која изнесува 230 евра за мегават час.

Во Косово таа цена е 70 евра, во Србија 100, а во Бугарија 130.

Поврзани новости