Почина учесникот кој колабираше на Лондонскиот маратон

by fokus

Еден од учесниците на маратонската трка која вчера се одржа во Лондон почина откако колабираше за време на маратонот, соопштија денеска организаторите. 

Идентитетот на починатиот учесник на лондонскиот маратон не е објавен, а организаторите наведоа дека станува збор за 36-годишен маж од југоисточна Англија.  

Тој колобарил на 38. километар од трката. 

– Иако прими итна медицинска помош која стигна на местото во рок од три минути, почина подоцна во болница. Причината за смртта ќе биде позната откако ќе биде направена обдукција, соопштија организаторите на Лондонскиот маратон. 

Поврзани новости