Битиќи демантира дека се обидувал да контактира со Онишченко

by fokus

„Тврдењата се неточни“. Ова е единствениот коментар од Кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи даден за телевизија Телма, откако синоќа потпретседателот на најголемата опозициска партија изјави дека, мотивите зад државјанството на украинскиот контоверзен бизнисмен Олександар Онишченко се многу подлабоки од тоа што првично се добива како впечаток.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во интервју за „360 степени“, изјави дека постојат кредибилни информации или гласини дека еден од министрите во владата, поточно потпретседател на влада – вицепремиер задолжен за економски прашања, се обидувал да исконтактира со Олександар Онишченко и да прави економски аранжмани со него.

Поврзани новости