794
Советникот по економски прашања во кабинетот на премиерот во Владата, Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека со ребалансот на Буџетот парите за финансирање на партиите не се намалиле, бидејќи немало консензус за тоа. Вели дека СДСМ била за, но Владата била колективен орган.
-За жал да, таа ставка остана. Имаше иницијатива од СДСМ, они спремаа Уредба за тоа, но не се постигна консензус, а Владата е колективен орган. Само СДСМ беше спремна да се откаже од тие пари. Другите партии не покажаа доблест. Ако имаше одлука, секако ќе се откажавме и од парите за финансирање на партиите, вели Битиќи.