„Над 600 ученици од Основното Училиште „Лирија“ во Општина Чашка, од наредната учебна година, предметот Физичко образование ќе го реализираат во новата спортска сала која се гради, за која се одвоени над 317 илјади евра од ТАВ програмата”, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, при денешната посетата на селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка.
Вицепремиерот изјави дека преку овој проект го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, но истовремено му ставаат крај на недостатокот на спортска сала во Основното Училиште „Лирија”.
„Денес сум во Општина Чашка, поточно во селото Горно Јаболчиште каде што се гради нова спортска сала во вредност од над 317 илјади евра, со што му ставаме крај на проблемот со недостаток на спортска сала во Основното Училиште „Лирија”.