Бислимовски: Законот за енергетика покажа дека ги штити граѓаните и во кризни услови

by Fokus

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) доби благодарница за успешна соработка во спроведување на Проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, информираат од регулаторното тело.

-Со помош на УСАИД заедно ги подготвивме сите подзаконски акти, кои се обврска од Третиот енергетски пакет на ЕУ за коишто Енергетска заедница три години по ред не прогласува за најдобро регулаторно тело, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на завршниот настан „Идните предизвици во развој на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија“ организиран од проектот на УСАИД за развој на регионални пазари на енергија, каде што и му беше врачена благодарницата.

– Во пракса Законот за енергетика покажа дека ги штити граѓаните и во кризни услови како сега на начин што во моментов цената на ЕСМ е 36,1 евра за мегават час , додека на берза цените достигнуваат и над 200 евра. Заедно со УСАИД ги подготвивме подзаконските акти кои се креирани исклучиво за да ги штитат потрошувачите и да обезбедат стабилност и сигурност во испораката на електричната енергија. Усвојувањето на обврските од Третиот енергетски пакет на РКЕ и донесе статус на најдобар регулатор во рамките на Енергетската заедница три години по ред, рече Бислимоски.

Тој посочи дека интензивни инвестиции во домашни енергетски капацитети, спојување на пазарите, зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори се клучни во зголемувањето на енергетската независност и истакна дека зеленото сценарио е можност за структурна и праведна енергетска транзиција на целиот енергетски сектор.

Поврзани новости