Бислимовски: Треба да се распишат три тендери па после да видиме за колку ќе поскапи струјата

by Fokus

Претседателот на Регулаторна Марко Бислимовски на прашање од новинарите за колку ќе се зголеми цената на струјата по 1 јануари, рече дека прво треба да се распишат три тендери – за набавка на загуби од МЕПСО и ЕВН дистрибуција, како и за набавка на енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата од ЕВН хоум па да се одреди цена.

-За овој тендер, најмалку 60 отсто треба да обезбеди ЕСМ, ќе видиме колку и по која цена и дали ќе има потреба од увоз за електрична енергија. Нека завршат па ќе информираме, посочи Бислимоски и потсети дека од 2019 година РКЕ веќе не ја определува цената по која ЕСМ ја продава електричната енергија.

Поврзани новости