БИРН Србија: Рашковски бил на таен состанок со Колувија

by fokus

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, летото 2019, во Ниш бил на состанок заедно со Предраг Колувија, кому сега во Србија му се суди за нелегално одгледување марихуана, и со Зоран Стојковиќ, директорот на српската воена разузнавачка служба (ВОА).

Информацијата која ја пренесува Призма.мк денеска ја објави БИРН Србија по увид во документ од истрагата позната како „Јовањица“.

Српската полиција го уапси Колувија неколку месеци по овој состанок, во ноември 2019 година, под сомнеж дека, наместо индустриски коноп, нелегално одгледувал марихуана на плантажата „Јовањица“.

Предраг Колувија, сѐ до апсењето, беше еден од сопствениците на две фирми во Македонија за легално производство на канабис за медицински цели. Бргу по притворањето, македонските власти ѝ ја одзедоа лиценцата на фирмата „ТХЦ Квалити груп“, која веќе произведуваше марихуана близу македонското село Росоман.

Поврзани новости