Билјана Ивановска утре на распит во Обвинителство

by irena 13:19
13:19

Kандидатката за градоначалник за општина Центар од „Независни заедно“ – Билјана Ивановска утре ќе оди на распит во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава против неа, за која таа вели дека не знае од кого е и за што се однесува.

Обвинителството минатата недела информира дека се работи за приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари годинава.

Ивановска вели дека нема да ја прифати понудата на Обвинителството да дојде на распит откако ќе завршат локалните избори, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа.

Таа кривичната пријава ја доби истиот ден кога објави кандидатурата за претстојните локални избори, што во јавноста беше протолкувано како политичка порака до неа. Ивановска изјави дека полицијата и дошла на врата, а бидејќи не ја нашле дома, таа самата отишла во ОЈО за да ја подигне пријавата.

„Ме повикуваат на разговор на 19 август. Немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, рече Ивановска.

Слични вести