Нема повеќе билети за манифестацијата ,,Златна бубамара на популарноста’’, откако сите 600 влезници биле распродадени во рок од рекордни три минути на интернет страницата mk tikets во петокот.
Билетите за настанот беа пуштени во продажба на десетти февруари, во дванаесет часот, и голем број на заинтересирани љубители на шоуто не успеале да ги купат, поради преголемиот интерес од страна на јавноста, за манифестацијата која што со нетрпение се очекува. Исто така, беше нагласено дека може да се купат максимум четири билети по човек. Цената на влезниците беше 1.200 денари.
Како што дознаваме, на продажба биле понудени 600, а се барале дури 7.000 влезници.
Најпопуларната манифестација ќе слави дваесет годишен јубилеј, и ќе се одржи под мотото ,,Што ќе биде, нека биде’’, со почеток од 20 часот во Метрополис арената, на дваесетти февруари.
Вики Клинчарова