(ФОТО) “Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си!”

by fokus

На Охридското Езеро му се случува катастрофа- повторно алармираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС, од каде објавија загрижувачки фотографии од езерото, повлечено и „угушено” во нафта и депонии.

– Добро утро Охриде, град на УНЕСКО тоа што си, со институции на кои екологијата приоритет им е и со иницијативи ко нашава шо од досада еко спинови прават само и еколози изигруваат за некакви си политички цели. А ова на сликиве што го гледате, сетоа тоа е природна колоритност, каква нафта какви хемии кои загадуваат, оваа шареноликост има за цел туристи привлекување, та не знаевте ли? Исто како што и намалувањето на количината на вода има за цел создавање нови крајбрежни плажички на кои и парапетчиња допрва ќе им заличат, со медитерански песок плажарски, бидејќи развој е не е шалa – саркастични се од здружението.

Охрид СОС потенцираат дека некој истура гориво во езерото, но надлежните креваат раменици, иако граѓаните го пријавиле тоа.

Претходно, во неколку наврати еколошките здруженија предупредуваа дека на Охридскиот регион му се заканува катастрофа и бришење од листата на УНЕСКО.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО уште лани изрази загриженост за иднината на Охрид, предупредувајќи дека големиот број инфраструктурни проекти најавени за овој регион, би ја загрозиле неговата универзална вредност.

Поврзани новости