За натпреварот од 2. коло од ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар и Мешков Брест, билети ќе може да се купат и пред самиот меч, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“.
Билетарницата ќе биде отворена во 18:30 часот и ќе работи до почетокот
на натпреварот. Средбата е закажана за утре (22 септември) со почеток во 20:45 часот.
Продажбата на билетите веќе е во тек онлајн на www.kupikartizase.com
и на сите продажни места на ККЗС низ Македонија (https://www.kupikartizase.com/Home/SalesLocations).
Цената на билетите е од 350 до 450 денари во зависност од местото во салата.
Од РК Вардар информираат дека на самиот влез секој гледач покрај билет ќе треба да покаже и сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата дури и со купен билет.