Две лица од Тетово вчера пријавиле во полицијата дека биле нападнати од група додека се обиделе да му помогнат на познаник.
„На 14.01 околу 4.30 часот две лица од Тетово О.С.(22) и С.С.(22) во Полициската станица во Тетово пријавиле ,,насилство“ од 17- годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица. Додека двајцата пријавители со уште една девојка околу 2.15 часот се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата. Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест“, информираа од МВР.
Инаку, двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница и се работи на расчистување на случајот.