Навивачите на Шкупи ги нападнале кошаркарите на Пелистер откако си размениле петарда и шише

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека дошло до инцидент на кошаркарите на Пелистер и навивачите на Шкупи на вчерашниот натпревар во салата Шабан Трстена во Скопје.

„По завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“, кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер“. Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите. При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници“, информираа од полицијата.

За случајот веднаш бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Поврзани новости