581
Случувањата во Куманово овој викенд се перфидна монтажа од мал и тесен круг во врвот на власта, оценува универзитетскиот професор и политички аналитичар Мерсељ Биљали.
– Има неколку резони за да се мисли така. Зошто ова се случува токму сега, кога „бомбите“ ја демаскираат власта како работлива и чесна и го откриваат нејзиното вистинско лице? Ова треба да го дефокусира вниманието на јавноста и да го поправи имиџот на владата, но всушност само ќе и наштети и ќе акумулира дополнителна енергија против неа! – вели Биљали.
Тој додава дека сега луѓето се под стрес и затоа тешко е да се прогнозира како ова ќе се одрази врз најавениот протест на опозицијата против власта кон средината на месецов.