Била во депресија и се обидела пред синот и полицајците да се самозапали

by Fokus

Четириесетгодишна жена од Скопје се пожалила дека е во депресија и сакала да се самозапали пред полицијата, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 22.50 часот во Полициска станица Драчево дошла 40-годишна жена од Скопје и рекла дека е во депресија и сака да си го одземе животот. Во станица бил повикан и нејзиниот син, а жената додека разговарала со сменоводителот, во присуство на нејзиниот син, извадила пластично шише со течност, се полила и со запалка се обидела да се самозапали, но била спречена во намерата.

Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во душевната болница Бардовци.

Поврзани новости