Животот може да се врати во нормала само откако вакцина против корона вирусот ќе биде глобално достапна, изјави ко-основачот на Мајкрософт и филантроп Бил Гејтс, јави ДПА.
Се очекува дека вакцина за болеста Ковид-19 да биде развиена до крајот на годината.
Зборувајќи за „Фокс њуз“, Гејтс рече дека треба да се работи брзо на развој на новата вакцина и тоа во „милијарди дози“.
Тој оцени дека развиените земји, како што е САД, порано или подоцна ќе можат да се борат против вирусот, но тој мора да биде поразен во цел свет.
– Работите навистина нема да се вратат во нормала додека вакцина не биде достапна практично во целиот свет, рече Гејтс, кој минатата недела ја повика американската влада да започне со изградба на фабрики за развој на најперспективните вакцини против коронавирусот.
Тоа може да биде губење на милиони долари бидејќи некои вакцини веројатно нема никогаш да бидат потребни, а приватните компании не можат да го преземат тој ризик, рече Гејтс.
– Приватните компании не можат да го преземат тој ризик, но федералната влада може, рече Гејтс, додавајќи дека тоа е единствениот начин да се обезбеди масовно производство на вакцини.
Фондацијата Гејтс, која главно финансира здравствени програми, издвои 105 милиони долари за борба против сегашната пандемија.