Приведени 59 граѓани за време на полицискиот час изминатото деноноќие

by fokus

Во текот на изминатото деноноќие полицијата евидентирала дека 72 граѓани не ја почитувале забраната за движење во полицискиот час. Од нив биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе се поведе постапка.

„Исто така, според статистичките податоци на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација“, велат од МВР.

Полицијата вршела контрола и кај оние кои веќе се во изолација и самоизолација, но не евидентирала ниту едно лице кое не ги почитувало овие мерки.

Поврзани новости