Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, вели дека развојот на вештачката интелигенција е најважниот технолошки напредок во последните децении.
Во блог пост во вторникот, тој го нарече исто толку фундаментален како создавањето на микропроцесорот, персоналниот компјутер, интернетот и мобилниот телефон.
„Тоа ќе го промени начинот на кој луѓето работат, учат, патуваат, добиваат здравствена заштита и комуницираат едни со други“, рече тој, мислејќи главно на технологијата што ги напојува алатките како што е ChatGPT, објави Би-Би-Си.
Развиен од OpenAI, ChatGPT е чет-бот со вештачка интелигенција програмиран да одговара на прашања користејќи природен, човечки јазик.
Во јануари 2023 година, тимот зад него доби инвестиција од повеќе милијарди долари од Мајкрософт – каде Гејтс сè уште служи како советник.
Гејтс рече дека се состанува со OpenAI од 2016 година.
Тој рече дека ги „предизвикал“ минатата година да обучат вештачка интелигенција способна да положи напреден испит по биологија. Неколку месеци подоцна, тие ги открија резултатите, вели Гејст, каде што машината помина со речиси совршен резултат.
По испитот, Гејтс рече дека побарал од вештачката интелигенција да му напише одговор на татко со болно дете.
„Тој напиша внимателен одговор кој веројатно беше подобар отколку што би го смислиле повеќето од нас во собата“, рече тој.