Бил Гејтс: Сите земји да се обединат во борбата против коронавирусот

by Fokus

Сите земји во светот мора да се обединат за да ја спречат пандемијата на коронавирусот, порача Бил Гејтс, основач на компнијата „Мајкрософт“ и копретседавач на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, во новото онлајн издание на њујоршкото списание „Тајм“.

– Пандемијата влијае на здравјето на луѓето и економијата, во сите делови на светот, без исклучок. Борбата против ширењето на вирусот започнува во секоја земја, но не смее да застане тука, рече Гејтс.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, тој порача дека сите земји мора да работат заедно во борбата против вирусот.

– Додека не ја спречиме пандемијата на планетата, вирусот ќе продолжи да се враќа, предупреди Гејтс. 

Поврзани новости