Бик уби штипјанец

by Fokus

Седумдесет и тригодишен жител на Штип бил усмртен од неговиот бик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека денеска во 10.10 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека околу 9 часот во местото наречено „Плуждино“ во атарот на Штип 73 годишниот Ѓ. С починал откако бил нападнат од неговиот бик.

Увид на местото извршила екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Поврзани новости