Францускиот предлог за отклучување на бугарската блокада е катастрофа за проширувањето, оценува луксембуршкиот универзитетски професор, историчар и експер за Балканот, Флоријан Бибер.
-Иако изгледа добро да се стави крај на ветото на Бугарија, тоа постигнува малку и носи големи опасности:
1. Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на членките на ЕУ да ги блокираат кандидатите.
2. Значително е поблиску до бугарските барања отколку до позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежен.
3. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.
4. Го игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши БИДЕЈЌИ се ЕУ пасоши, не затоа што се Бугари. Граѓаните бараат да бидат граѓани на ЕУ (да работат) е злоупотребено од Бугарија да тврди дека се „етнички“ Бугари, пишува Бибер на Твитер.
Тој заклучува дека наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување.