Американскиот претседател Доналд Трамп понудил да го помилува Џулијан Асанж доколку рече дека Русија не била вклучена во истекувањето на е-пошта за време на претседателските избори во 2016 година, изјави сведок на судското рочиште во Лондон. На рочиштето се зборуваше за екстрадиција на основачот на Викиликс во САД за следната недела.
Адвокатот на Асанж, Едвард Фицџералд, се повика пред Прекршочен суд во Вестминстер на изјава од сведок, поранешен американски републикански конгресмен, Дене Рохрабахер, кој го посетил Асанж во 2017 година во еквадорската Амбасада, изјавувајќи дека претседателот го испратил да понуди помилување.
Услов за помилување е, според изјавата на Рохрабахер, дека Асанж се согласува со тврдењето на САД дека Русија не била вклучена во протекувањето на електронската пошта што и наштетила во претседателската кампања на демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Според Би-Би-Си, судијката Ванеса Баретер пресуди дека сведочењето е прифатливо, додека Белата куќа тврдеше дека тоа е „целосна измислица и лага“.