Македонската гранична полиција не дозволи влез во земјата на бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, кој е и потпретседател на ЕНП, како и на Милен Врабески и уште тројца Бугари, пренесе бугарската новинска агенција БГНЕС.
Тие утрово, пишува агенцијата, како и секоја година тргнале да учествуваат на панихидата за починатите на Бугарските воени гробишта во струмичко Ново Село.
„За жал, не смеев да одам на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Повеќе од 10 години на Ѓурѓовден одам во Ново Село, Македонија, на нашите Бугарски воени гробишта. Оваа година повторно тргнав натаму и на мое големо изненадување и чудење, не нè со објаснување дека има одлука да не пушат, но никому не објаснија кои се мотивите“, вели Ковачев за БГНЕС.