Триесет и деветгодишна жена се фрлила од први кат на скопска Гинекологија откако се породила, се бори за живот

by Fokus

Триесет и деветгодишна жена, која штотуку станала мајка  се фрлила од први кат на скопската Клиника за Гинекологија, потврди за „Фокус“, директорката Викторија Јовановска.

„Пациентката кај нас е донесена во 36-та недела. Не е следена нејзината бременост на Гинекологија. За 12 минути е породена и спасени се и таа и бебето.

 

Ден пред да си оди потпишала дека не сака да го дои бебето и што, како се случило не знаеме. Не ја ни знаеме причината за нејзината одлука. Сите се шокирани, а мајката е во критична состојба“, вели доктор Јовановска.

Според нашите информации, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена итна операција, но никој од лекарите не ја знае точната причина за одлуката на штотуку породената жена.

Таа родила живо и здраво новороденче од околу 2.400 грама, кое е во добра здравствена состојба, но здравствената состојба на мајката е критична.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости