450
Безживотно тело е забележано денеска во водите на Охридското езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“, информираат од охридската политија.
Случаен минувач околу 11.00 часот утринава го забележал човечкиот труп на површината од водата кај каналот „Студенчишта“, на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција.
На местото каде е пронајдено безживотното тело се врши увид предводен од Јавен обвинител и олициски екипи од СВР Охрид.