Злоупотреби на АКМИС-от и во Врховен суд, се делеле предмети на рака

by fokus

Работната група на Министерството за правда утврдила прекршувања и злоупотреби во функционирањето на Врховниот суд, пишува Алсат М. Според телевизијата кај судот со кој раководи судијата, Јово Вангеловски, се констатирани повреди на процедирите во распределбата на предметите преку АКМИС системот и во водењето на регистарот за случаите.

Тоа би значело дека предметите се делеле на рака, а не преку системот за комјутерска распределба. Прекршувања се регистрирани и во составувањето распоред за работа на судиите.

Според дел од судиите ова е јавна тајна. Работната група на Министерството за правда најде прекршувања на АКМИС системот и во Кривичниот суд, особено во распределбата на предмети на Специјалното јавно обвинителство. Не се откриени неправилности во Апелациониот суд. Извештајот на работната група треба да биде готов оваа недела.

Поврзани новости