679
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин на водоснабдувањето во три населени места во Скопје.
„Поради вонредно чистење на резервоарот Сопиште на ден 13.07.2018 (петок), прекин на водоснабдување ке имаат населените места Ракотинци, Добри Дол и Сопиште во периодот од 8 часот и 30 минути до 14 часот и 30 минути“, информираат од таму.