Без вода ќе биде „Паркови и зеленило“ и објекти во непосредна близина

by Fokus

Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ бб, прекинато водоснабдување изутрина од 09:30 часот ќе имаат ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје и неколку објекти во непосредна близина, најави ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Прекинато водоснабдување од 09.30 часот ќе имаат и корисници на дел од ул. „Атинска“, исто така поради санација на дефект.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санацијата.

Поврзани новости