Без СДСМ, формирана Анкетната комисија за фалсификувањето лични документи

by Фокус

Собранието денеска ја формираше новата Анкетна комисија за скандалот со фабриката за лични карти, пасоши и другии документи, која е се формира по идеја на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ не предложи членови за оваа комисија, која според нив е квази-комисија, која треба да ја опструира работата на постојната анкетна комисија за прислушувањето.

Претседател на оваа комисија ќе биде пратеникот Илија Димовски. Задачата на комисијата ќе биде да се утврди фактичката состојба со аферата со фалсификувани лични карти, пасоши и други документи , како и 70-те илјади прислушувани разговори, најдени во компјутер во фолдер „Заев-СДСМ“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата бега од вистината за 120 илјади украдени идентитети во фабриката за лични карти, а овој скандал бил најголем политички скандал , во кој осомничените имале контакти со функционери на СДСМ.

Поврзани новости