402
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е неопходно итно да се започнат преговори за прекин на конфликтот во Украина. Како што додаде тој, во спротивно кризната состојба може да прерасне во трета светска војна.
-Сега имаме конфликт меѓу Русија и Украина, во кој би можеле да загинат стотици илјади луѓе. Мораме итно да започнеме преговори за мировно решение, или ќе се најдеме среде третата светска војна и ништо нема да остане од нашата планета – рече Трамп.