Курти: Србија претпочита туѓи територии

by Фокус

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека целта на Косово е да се зајакне и да стане дел на НАТО, со цел да придонесе за промоцијата на демократските вредности и мирот во светот.

Курти на Роз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во косовската престолнина, рече дека Западен Балкан e регион со многу нерешени проблеми.

Според косовскиот премиер, за Србија е добродојдено руското влијание, кое го користи за да продолжи да се заканува на безбедноста и мирот во овој дел на Европа.

Курти рече дека Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив.

-Не се работи за начин на живот, за културни или верски прашања, туку за типично експанзионистички идеи на доминација во овој европски регион. Секако при тоа се смета на помошта од Русија – рече Курти, спомнувајќи ги бројните заеднички српско-руски воени вежби, како и воените бази на Србија долж целата граница со Косово.

Поврзани новости