639
Министри и високи функционери од ДУИ вчера го одбележаа роденденот на лидерот на партијата, Али Ахмети во салата за состаноци во новата зграда на Министерството за политички систем и односи со заедниците со кое раководи Артан Груби. Фотографијата ја објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
На фотографијата се гледа како функционерите на ДУИ седат еден до друг, без дистанца и без заштитна маска. По реакциите од јавноста Османи ја тргна фотографијата од социјалните мрежи.