Пет лица уапсени откако биле фатени со марихуана и таблети

by Fokus

Полицијата во изминатите три дена уапси пет лица од Скопје и Прилеп, откако кај нив биле пронајдени марихуана и таблети, информираат од МВР.

„На 03.01.2021 во 22.50 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Т.(35) од Прилеп, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.01.2021 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на Средно Водно ги лишиле од слобода И.Д.(28) и Д.С.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.01.2021 во 02.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Р.И.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2021 во 04.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Т.Д.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени таблети. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.

Поврзани новости