Села не може да ја регистрира новата партија

by Фокус

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села обвини дека тетовскиот Основен суд се соочува со постојани уцени во текот на регистрацијата на новата партија, со оглед дека судот постојано барал дополнителни документи, одолговлекувајќи ја постапката.

– Сето ова време додека ги собиравме документите за регистрација на партијата, од тетовскиот суд бевме уценувани со безброј услови, кои треба да ги исполниме за регистрација. Ние не сме единствениот политички субјект, кој поднесува барање за регистрација на партија, пред нас се регистрирани стотици политички партии. Иако сме ги собрале сите потребни документи за регистрација, во ходниците на овој суд постојано одредени вработени ни даваат до знаење дека не можеме да ја регистрираме нашата партија, бидејќи преставува опасност за општеството – изјави Алил Фетаи од Движењето за реформи на ДПА.

Поврзани новости