Без дозвола за работа може да останат Алфа, ТВ Сонце, Сител 3 и Радио Слободна Македонија

by fokus

На четири радиодифузери им се заканува одземање на годишните дозволи за радиодифузна дејност затоа што ја немаат платено фактурата за радиско или телевизиско емитување. Меѓу медиумите се Алфа ТВ, ТВ Сонце, Радио Слободна Македонија и Сител 3.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на утрешната седница ќе одлучува по предлозите за покренување постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување. Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските.

 

Поврзани новости