Современиот начин на живот,изложеноста на стрес,брзата храна,недоволна физичка активност,недоволно сон, се само некои од факторите кои доведуваат до ослабување на нашиот одбранбен систем.
Сето ова придонело науката да почне да истражува нови алтернативни и природни терапии во подрачјето за засилување на одбранбената способност на организмот, затоа што добар имунитет е клуч за добро здравје.
Бета-глукан е еден од најистражуваните имуномодулатури на светот.Изолиран е во 1968г,а во 2008г ФДА (Американската агенција за лекови и храна) му дава статус ГРАС-што значи – сигурен за употреба.
Што претставува Бета-глукан?
Бета-глукан е полисахарид чија структура ја сочинуваат молекули на Д-глукоза,поврзани со бета-1,3 гликозидни врски кои понатаму се разгрануваат со ланци од Д-глукоза,поврзани со бета-1,4 и бета-1,6 гликозидни врски.Колку молекулата е посложена,се смета дека бета-глуканот е поефикасен.
Со еден збор-бета-глукан е имуномодулатор кој го потикнува имунолошкиот систем за поефикасно да го одбрани организмот од бактерии,вируси и габи.
Извори на бета-глукан
Во храната го има во намирници како што се јачмен,овес,во некои печурки(Shiitake,Reishi,Maitake и во клеточниот ѕид на квасец(Saccharomyces cerevisiae).
Бета-глукан 1,3/1,6 добиен од клеточниот ѕид на квасец,со бројни истражувања е докажано дека има најсилно имуномодулаторно дејство.
Како делува?
-поттикнува создавање на леукоцити и тромбоцити во коскената срж како прва линија на одбранбениот систем
-ги активира макрофагите и клетките убијци кои се одговорни за чистење на организмот од отпадни материи и клетки кои учествуваат во борба против разни патогени.
Докажано е синергистичко имуномодулаторно дејство со витамин Ц,цинк,пробиотици,селен.(дава уште подобар имун одговор)
За што се користи?
Бројни студии покажуваат дека освен за заштита на организмот од вирусни и бактериски инфекции,настинки и инфекции на горни дишни патишта ,бета-глукан има и значително влијание врз ЛДЛ холестерол(лошиот холестерол).Со оглед на тоа дека е природен имуномодулатор,неретко се користи кај пациенти со ХПВ вирус,а истражувањата покажуваат делотворност кај цервикални заболувања поврзани со ХПВ.
Освен ова, бета-глукан може да помогне при состојби како што се: алергии,синдром на иритирани црева,улцерозен колит,фибромијалгии,артритис,дијабет,постоперативно за побрзо опоравување на имуниот систем, а се користи и кај пациенти кои што се на инвазивна хемотерапија.
Дозирање
Минимални дневни препорачани дози од кои се очекува ефикасност во превентивни цели се 500мг за возрасни и треба да се зема во период од три месеци,по што се препорачува пауза од 30дена.
Кога се користи како поткрепа при лекување и кај акутни состојби возрасни може да земаат од 500-3000мг на ден.
Кај пациенти заболени од карцином,минимална дневна доза е 1500мг.
Се зема половина час пред оброк поради подобра ресорпција.
Бета-глукан е безбеден ,без несакани дејства,не влегува во интеракции со лекови и природни препарати,значи природно и безбедно го активира нашиот имунитет.
Мр.Фарм Виолета Терзиоска
ПР текст