423
Во Канцеларијата на народниoт правобранител во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, соопштија од Канцеларијата на народниот правобранител.
Исто така, за граѓаните ќе бидат отворени сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип за да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, тие ќе можат да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.