Бесни патници на лондонските аеродроми, откжани се 100 летови над 200 одложени

by Fokus

Британските медиуми објавија дека илјадници патници се заглавени на аеродромите, и се бесни поради откажаните или одложените летови.

Британската авиокомпанија „Бритиш ервејз“ откажа десетици летови од лондонските аеродроми поради проблеми со компјутерите во системот за чекирање билети. Компанијата соопшти дека „системскиот проблем“ предизвикал одложување и откажување на летовите од аеродромите  Хитроу, Гетвик и Лондон, пренесува АП.

Откажани се 81 лет до и од Хитроу, а откажани се 10 летови на Гетвик и поместени се повеќе од 200.

Од компанијата соопштија дека патниците можат повторно да го резервираат својот билет за друг ден.

 

Поврзани новости