Турската влада уништи повеќе од 300.000 книги

by Fokus

Министерството за образование на Турција соопшти дека по обидот за пуч во Турција во 2016 се отстранети повеќе од 300.000 книги од турските училишта и библиотеки.

Министерот за образование Зија Селчук изјави дека 301.878 книги се уништени, како обид на Владата да се справи сo религиозниот лидер кој живее во САД и кој е обвинет од Турција за поттикнување на неуспешниот пуч.

Податоците ги објави тиражниот дневен весник „Хуриет“, откако фотографиите од одземените книги и нивното палење ги објави  интернет-страницата „Кронос27“.

Во 2016 според сајтот „Турки пург“ кој се опишува како „мала група на млади новинари кои се обидуваат да бидат гласот на турскиот народ кој е под угнетувачки режим“ учебник по математика беше забранет затоа што иницијалите на Ѓулен биле наведени како точки во задача, т. е. од точка Ф до точка Ѓ, како и декември истата година , турскиот весник „БирЃун“ објави дека 1.8 работни тетратки се уништени па реиздадени затоа што го содржеле зборот „Пенсилванија“, каде живее Ѓулен исто така и улиците со името Ѓулен во Анкара биле преименувани.

Во заендичкото соопштение на меѓународниот ПЕН и на ПЕН од Англија стои дека организациите за слобода на говор рекоа дека се вознемирени од изјавите на министерот за образование. „За само три години, 29 издавачки куќи се затворени со итна наредба поради ‘ширење на терористичка пропаганда“. Исто така во извештајот на англискиот ПЕН од 2018 година стои дека  200 медиуми и издавачки куќи се затворени, 80 писaтели се под истраги и имаат обвиненија против нив, а 5.822 професори се избркани од 118 државни универзитети.

„Владата драматично го зголеми своето влијание врз медиумите и издаваштвото, и ги замоли критичките гласови. Ги повикуваме туркските власти да дозволат повтроно отворање и незавинсо работење на издавачките куќи“, вели ПЕН.

Поврзани новости