910
Движењето Беса нема да биде дел од следната Влада, затоа што мандатарот не беше подготвен да потпише договор со Беса, и да се согласи со принципите предложени од БЕСА, изјави претседателот на Беса, Билал Касами.
-Движењето Беса нема да гласа за новата влада, бидејќи гледајќи го составот кој е предложен, тој не гарантира дека ќе бидат спроведени реформи, рече Касами.
Тој додаде дека оваа одлука е на Централното претседателство и Централниот совет на партијата.
Иако БЕСА нема да биде дел од новата влада, тие ќе гласаат за реформите.
ВИДЕО: Макфакс