Беса вечерва ќе пресече дали ќе оди на средба кај Ахмети

by fokus

Беса се уште не одлучила дали утре ќе оди на средба на лидерите на албанските партии на покана на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети. 

Орхан Муртезани, портпарол на Беса за „Фокус“ вели дека вечер претседателството на партијата ќе има состанок на кој ќе одлучат дали ќе одат на средбата кај Ахмети и какви барања ќе испорачаат.

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, на утрешната средба закажана во 13 часот ги покани сите албански партии без исклучок за да разговараат, како што вели, за политичката состојба во земјава по превремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември.

 

Поврзани новости