Синдикат на дипломатска служба: Обвинителството најитно да ги открие авторите на некролозите

by fokus

Синдикатот на македонската дипломатска служба, во врска со објавувањето некролози за повеќе странски амбасадори во Република Македонија, а во услови кога ниту Министерството за надворешни работи ниту Јавното обвинителство не се огласија на кој и да е начин, смета за неопходно да укаже на следново:

Извесно е дека е наша одлука или поточно одлука на државата Македонија (значи не на некоја партиска структура) до кој степен и на кој начин ќе се впушти во соработка со други држави и на тој начин, во нашиот случај, ќе им овозможи на тие земји да ни помогнат во процес на демократизација на сопственото општество и негово приближување кон цивилизациските достигнувања прифатени од напредните слоеви на меѓународната заедница. Но, тоа никако не значи дека кој и да е во Државата смее да си поигрува или уште пострашно – да им се заканува на претставниците на тие држави во Македонија, а кои уживаат меѓународна заштита. Тоа, дека уживаат меѓународна заштита значи дека ние, државата Македонија сме должни да ги заштитиме кога се на наша територија, а преку членот 29 од Виенската конвенција за дипломатски односи и формално и императивно се имаме обврзано.

 Оттука, со ова јавно го повикуваме раководството на македонското Јавно обвинителство најитно и најсовесно да ги искористи своите законски овластувања во сферата на истражувањето на сторувањето кривични дела и да ги открие физичките лица – автори на објавувањето некролози на редица странски амбасадори во државата Македонија на социјалната мрежа Имгур, инаку веќе затворена. Работата на ЈО е многу олеснета во случаите кога државни функционери на своите фејсбук (http://www.puls24.mk/mk/vesti/petrovski-do-van-hojte-i-slicnite-na-nego-sedete-si-doma-dosta-ni-e-od-vas) профили отворено ги навредуваат, омаловажуваат, па дури им се закануваат (http://puls24.mk/mk/vesti/bejli-se-isplasi-od-gnevot-na-narodot-ambasadata-ednas-gorese-bejli-isplasen-deka-moze-da-se-sluci-i-vtor-pat) на странските претставници што беа инволвирани во тнр. „Пржински договор“, инаку уредно потпишан и од политичката партија на која тие функционери припаѓаат.

Поврзани новости