БЕСА: Утре очекуваме преговори за правдата и договори за спас

by Фокус

Лидерска средба без присуство на албанскиот политички фактор во државата секогаш резултира со половични договори кои секогаш имаат последици за иднината на државата, порачуваат од опозициската БЕСА на Биљал Касами.

-Не очекуваме ништо посебно освен политички договори што ќе спаси една или друга страна, а можеби и двете заедно, а тоа подразбира преговарање за правдата и правната држава, за што мислиме дека е погрешно бидејќи не носи долготрајни и одржливи решенија за иднината на државата – изјави за Фокус генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа.

На утрешната лидерска средба, лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, ќе разговараат за законот за јавно обвинителство, но се очекува да биде отворено и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости