БЕСА: Успешно се реализираат криминалните сценарија на ДУИ и на Артан

by Fokus

„Како близок соработник на Сашо Мијалков, Артан Груби и ДУИ успешно ги спроведуваат своите сценарија за заштита на поранешни криминалци, пријатели со кои незаконски прислушувале граѓани, бизниси и политички противници и им се одмаздувале во различни форми, па дури и со живот. Ова се сфати од прислушувањата што ги објави самата СДСМ, а кои, како што се гледа, заедно со ДУИ и Артан, завршиле во скутот на Мијалков“ рече на денешната прес-конференција Абдуш Демири од Движењето БЕСА.

Тој напмена дека „вистината излегува на површина како што народот вели `Како тиква на вода`. Токму ова е причината поради која ДУИ и СДСМ го блокираат сослушувањето на главниот обвинител Љубомир Јовески во Собранието. Затоа што ова е лицето кое ги чува во фиока предметите за криминалите на соработниците на ДУИ и СДСМ, како и за криминалот на функционерите на власта“.

„Со каков лик ќе излезете пред народот? Од која причина ќе го барате гласот на граѓаните? И како ќе се оправдате зошто Европската Унија нема да ни отвори пат да преговараме? Продолжете, затоа што вашите дела се исти со вашата политичка ориентација, антиевропски и антиамерикански, но просрпски и руски“ рече Демири.

Поврзани новости