Движењето Беса реагира на одлуката за прераспределбата на судиите на Кривичниот суд и вели дека таа претставува скандалозна интервенција на владејачките партии во судскиот систем во Република Македонија.
„Судиите, кои досега решавале за случаите на Специјалното јавно обвинителство и нивната замена со судии кои се знае дека се блиски со владејачката партија, претставува не само флагрантно кршење на автономијата на судовите, туку и директен упад во работата на единствената кредибилна институција во правниот систем – СЈО.
Движењето Беса гарантира дека пратформата „Редефинирање“ предвидува и реформирање на целиот правен систем, особено на судовите, и сето ова во корист на правдата без можности за политизација и исклучиво во корист на граѓаните.
„Судовите ќе бидат целосно независни и објективни и ова ќе се случи во многу блиска иднина. Во оваа прилика, уште еднаш го изразуваме нашиот став и нашата безрезервна поддршка за продолжување на работата на СЈО додека да се постигне целосна декриминализација на државниот систем“, вели Беса.