Груевски: Oва не е судење, туку театар!

by fokus

Првообвинетиот Никола Груевски, кој е главен осомничен во предметот на СЈО за насилството во општина Центар, и денеска куртули во судот, бидејќи рочиштето против него повторно беше одложено.

-Еве јас денеска повторно дојдов на закажаното рочиште, но ова најмалку личеше на судење, повеќе личеше на театар, изјави експремиерот на излегување од судот.

Неговиот адвокат Никола Додевски додаде дека „нема друго објаснување, освен дека е однапред подготвено сценарио за да се изврши флагрантен притисок врз судијата”.

На денешното рочиште против Груевски атмосферата беше жешка и тензична, поради препукувањата меѓу судијката Татјана Михајлова и Специјалното јавно обвинителство. На крајот, расправата заврши со изречени казни од по 2 илјади евра за Катица Јанева и Фатиме Фетаи, на што обвинителките најавија жалби и кривична пријава.

Поврзани новости